Награден конкурс за студенти на УКЛО !

In Високо образование, Образование

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар  

 

I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ

 

Критериуми и услови:

Право на

Advertisement
учество на Конкурсот имаат студентите запишани на прв циклус студии во академската 2016/2017 година.

Студентот има право да конкурира за:

– најдобар истражувачки труд

– најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј.

Конкурсот за есеј е тематски,  посветен на екологијата:„Повеќе внимание, ве молам! Студентите за зелена иднина, за нас се работи!“.

 

 Целта на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола е да промовира високи вредности и воедно, да ја  поддржи кампањата на ЕУ за подигање на свеста во јавноста и нејзина сензибилизација при истакнување на важноста и одржувањето на чиста животна средина. Европската комисија во Република Македонија е соорганизатор на Конкурсот за најдобар Есеј на УКЛО.

 

Истражувачкиот труд се изработува по слободен избор.

 

Начин на доставување на трудовите:

Трудот односно есејот се доставува во електронска форма на следната е-адреса: istrazuvackitrudiesej2017@uklo.edu.mk

На трудот/есејот не смее да бидат наведени податоци за студентот. Се наведува само насловот и шифрата под која се пријавува истражувачкиот труд, односно есејот.

Истражувачките трудови и есеи се доставуваат најдоцна до 31. 10. 2017 година.

 

Оценување:

Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии кои определуваат поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно есеите.

За најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови се доделуваaт плакети и пооделно по три парични награди и за есеите и за истражувачките трудови, и тоа:

· прва награда 20.000 денари

· второ награда 15. 000 денари

· трета награда 10.000 денари

 

Поблиски информаци на телефон: 047 223 788 локал 109 или на

elizabeta.atanasoska@uklo.edu.mk

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu