МОН: Доделување парични награди за освоени високи места на државни натпревари

In Основно образование
Loading...
Министерството за образование и наука информира дека за освоено прво место на натпревар на државно ниво организиран од акредитирано здружение на наставници на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда.Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година, се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави Пријава со која во прилог ги доставува и следните документи:

– Образецот за пријава може да се преземе тука ;
– Потврда за ученикот дека е редовен ученик во основно училиште;
– Потврда за наставникот дека е вработен во основно училиште;
– Фотокопија од диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за ученикот;
– Фотокопија од диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за наставникот;
– Копија од трансакциска сметка за ученикот (трансакциската сметка да биде на име на ученик не на родител);
– Копија од трансакциска сметка за наставникот;
– Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител-старател, и
– Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од наставникот.

Извор: МОН
Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu