Мозочни импланти во 2021 година

In Истражување и развој
Loading...
Елон Муск очекува дека за четири години неговата нова компанија Neuralink ќе биде подготвена со првите мозочни импланти. Ова го објави самиот Муск во интервју за изданието Whait But Why, цитиран од агенциите.

Муск е меѓу главните инвеститори на Neuralink, а компанијата има неколку цели. Долгорочната е да им помогне на луѓето преку технологијата да ги подобрат своите способности за да не заостануваат од вештачката интелигенција. Краткорочната цел е да создаде импланти и технологии кои можат да ги излечат или барем намалат драстично симптомите на мозочни заболувања. Според Муск по околу 4 години, Neuralink ќе пушти на пазарот технологија која помага на луѓе кои преживеале мозочен удар, рак или друга болест.

 

“Така човекот ќе стане дел од вештачка интелигенција и нема да биде заменет од него”
-Елон Муск

Тој додава дека очекува оваа технологија да е подготвена до 8-10 години.

Што точно ќе претставува оваа технологија и какви ќе бидат ефектите од неа, за сега Муск не коментира. Тој вели дека се работи и на имплант, кој ќе биде компатибилен за секој човек и ќе биде како комуникациски интерфејс. Имплантот ќе има систем за безжична комуникација и ќе му овозможи на човек да зборува со компјутери и други луѓе само преку мислата.

 

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu