Мозокот на тинејџерите може да претрпи трајни промени уште по првото конзумирање на марихуана (студија)

In Здравје, Истражување и развој
Loading...
Научниците предупредуваат дека и едно користење на канабис може да предизвика промена на мозокот кај тинејџерите.

Една студија спроведена од истражувачи на Технолошкиот универзитет Свинбурн во Австралија покажа дека има јасни разлики во мозокот на тинејџерите кои пушеле канабис само неколку пати и оние кои никогаш не пробале.

Journal of Neuroscience Vol. 39, Issue 10 6 Mar 2019
Списание за неврологија, Бр.39, Издание 10

Досега, истражувањата со користење на животни за проучување на ефектите од канабисот врз мозокот покажале дека ефектите се на ниско ниво, што ги навело истражувачите да веруваат дека промените може да се појават во раните фази на употреба на канабис.

Сепак, главниот автор на студијата, Кетрин Ор, вели дека е “изненадена од висината на ефектите”.

Истражувачите анализирале 46 снимки од мозокот на тинејџери на возраст од 14 години кои еднаш или двапати користеле марихуана, како и снимки од 46 тинејџери кои никогаш не пробале марихуана, земајќи ги предвид возраста, полот, интелигенцијата, социоекономскиот статус и употребата на алкохол или цигари.

Универзитет Свинбурн, Мелбурн, Австралија

По анализирањето на снимките од мозокот на тинејџерите, истражувачите откриле јасни разлики помеѓу двете групи. Во оваа фаза, научниците не можеле да докажат дека марихуаната е виновна за очигледните разлики и објасниле дека е можно оние тинејџери кои што одлучиле да користат марихуана да имаат различни мозочни структури.

За да се разјасни ова, истражувачите анализирале снимки од мозокот од трета група тинејџери на возраст од 14 години кои не пробале марихуана пред да ги направат своите скенирања на мозокот. На возраст од 16 години, 69% од учесниците се изјасниле дека користеле марихуана најмалку 10 пати, но нивните снимки од мозокот на возраст од 14 години не изгледале различно од снимките од мозокот на другите тинејџери кои никогаш не пробале канабис. Тоа значи дека не може да има каква било вродена разлика во мозокот која предвидува дека некое лице подоцна ќе стане корисник на канабис.

Младо момче кое користи марихуана
Младо момче кое користи марихуана

Што е уште поважно, научниците откриле дека во некои области на мозокот кај оние кои пушеле марихуана има распространето зголемување на обемот на сивата материја која е составена од тела на нервни ќелии и е вклучена во сензорна перцепција и контрола на мускулите.

Според истражувачите, ваквата промена на структурата на мозокот може да има сериозни последици.

“Зголемениот волумен на сива маса во одредени делови од мозокот кај испитаниците кои користеле марихуана се поврзува со зголеменото ниво на анксиозност две години подоцна”, рече Ор.

Сепак, поголемиот волумен на сивата материја во канабиноидните регии на мозокот би можел да биде поврзан со нормален процес кој може да се случи кога тинејџерите користат марихуана.

Како што младите мозоци се развиваат, непотребните или неисправни неврони се отстрануваат, вели Ор. Но, кога системот не работи правилно, тие клетки остануваат на место.

Со зголемената стапка на употреба на канабис кај адолесцентите – тоа е најчесто користената дрога во Европа – како и со промените во правниот статус на марихуаната и општествените ставови во врска со нејзината употреба, научниците веруваат дека новите сознанија се чекор напред во разбирањето на влијанието што може да го има во развојот на мозокот, но признаваат дека треба да се направат повеќе истражувања.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu