Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

In Живот и стил
Извор: Truth Theory
Историските
Advertisement
обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со овие симболи исто како што се поврзуваат со нивната култура. Сепак, ајде да бидеме реални, катедралата е само зграда, а деловите кои горат без некој да биде повреден се олицетворение на ,,првиот светски проблем“.

Историски знаменитости низ светот се уништуваат секој ден, и природни и синтетички, но овие загуби често се игнорираат, а понекогаш дури и се прославуваат.

Никогаш не постои глобален повик за акција кога домородното земјиште е уништено за да се направат цевководи, или кога нивната архитектура е урната и се заменува со трговски центри. Слично на тоа, кога бомбите се исфрлаат низ Блискиот Исток и Африка, зградите и артефактите што се изгубени во тие напади никој не ги ни забележува, иако овие историски реликвии се остатоци од некои од најраните човечки цивилизации.

Во случајот со Нотр Дам, наплив од донации дојдоа од целиот свет за да помогнат во реставрацијата на зградата и повеќе од милијарда долари беа собрани во рок од 24 часа. Повеќето од тие донации доаѓаат од исклучително богати донатори како Гучи, Луј Витон, како и енергетски и козметичарски компании.

Во меѓувреме, места како Порто Рико сé уште се борат да соберат пари за санација на штетите од природната катастрофа што се случи пред повеќе од една година. И покрај тврдењата на политичарите дека проблемот со вода во Флинт, Мичиген е решен, и неколку години по откривањето на проблемот, многу луѓе во регионот сѐ уште немаат чиста вода. Сиромаштијата и бројот на бездомници растат во повеќето глобални општества, со огромен процент на луѓе кои работат по цели денови, но и покај тоа не можат да си приуштат ни најосновни потреби како храна и дом.

Имајќи ги предвид сите проблеми кои ја загрозуваат човечката цивилизација и животинскиот свет на планетата, звучи глупаво тоа што луѓето од целиот свет им даваат приоритет на заменливите споменици наместо на човечкиот живот и здравјето на планетата која што тие ја нарекуваат дом. Сепак, овој начин на однесување е типичен за нашиот вид, и токму затоа имаме проблеми како војна, сиромаштија и загрозени видови.

Луѓето ја обожуваат нивната култура како свој бог, но го третираат нивниот природен свет и нивните сонародници како ѕверови со кои треба да се борат и да ги контролираат.

Огромната добротворна организација за Нотр Дам покажува дека човештвото е способно да сочувствува, а парите за решавање на проблемите во светот, можат да се соберат прилично лесно. Се разбира, ќе чини повеќе од една милијарда долари за да ја исчистиме планетата и да ги нахраниме сиромашните, но ако толку многу пари можат да се соберат за само 24 часа, замислете колку може да се собере ако луѓето започнат да ги насочуваат своите добротворни цели кон проблемите кои што моментално го уништуваат животот на оваа планета.

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Mobile Sliding Menu