Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

In Истражување и развој
Loading...

Жаклин Лејн, докторка во

Advertisement
Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во списанието Nature Communications. Во интервју за TODAY, Лејн откри дека оние кои се будат рано наутро се суштински посреќни и поздрави од оние кои осануваат до доцна навечер и се будат покасно. Лејн забележала дека оние кои се будат рано имаат специфична генетска компонента која го намалува ризикот од развој на депресија и хронични болести.

Испитаниците им припаѓале на две различни групи: 250.000 луѓе од САД, кои ги користеле услугите за ДНК на биотехнолошката компанија 23andMe и 450.000 луѓе од В. Британија, кои се запишале во биореспондентската Биобанка. Лејн и нејзиниот тим на истражувачи користеле мерки за мерење на времето на спиење за да ја проценат циркадиската биологија која се поврзува со гените.

Групата била дополнително поделена на луѓе кои себеси се сметале за ,,ранобудници” и  оние кои не можеле да се оттргнат од Netflix навечер (знаете, оние кои секогаш си легнуваат доцна). Потоа, Лејн и нејзините соработници ги испитале нивните геноми за да ја одредат врската помеѓу нивните гени и времето на будење кои тие го преферираат и како тоа се поврзува со нивното здравје. Она што го откриле е прилично интересно.

,,Докажавме дека будењето рано наутро е поврзано со подобро ментално здравје, но не влијае на индексот на телесна маса или ризикот од дијабетес тип 2“, изјави Лејн.

,,Исто така постои и врска помеѓу останувањето до доцна навечер и зголемениот ризик од шизофренија (и депресија)“, објасни таа за TODAY.

Но, тоа не значи дека само затоа што не се будите со првите петли, автоматски сте во опасност од нарушување на менталното здравје.

,,Тоа е премногу комплицирано“, додаде таа. ,,Генетиката е само еден мал дел. Поголема улога игра животната средина, со тоа што живеете несинхронизирано со вашиот внатрешен часовник. Ако се обидете да се промените и наеднаш да почнете рано да се будите, тоа може да доведе до сериозни здравствени последици“.

Сепак, Лејн призна дека треба да се направат повеќе истражувања за тоа како нашите гени влијаат на нашите циклуси на спиење. Но, ништо страшно нема да се случи ако се обидете да го наместите алармот само малку порано од вообичаено.

Loading...

You may also read!

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Иста држава, различни аршини! По кој критериум еден редовен професор добива 36.000, а друг 122.000 ден. плата?

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со

Read More...

Mobile Sliding Menu