КРЕДО центарот при УКЛО со работилница “Направи чекор напред”

In Високо образование

Во рамките на активностите кои ги презема Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење при Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола познат под акронимот КРЕДО центар а во соработка со Американското катче од Битола, успешно започна и четвртата сесија за обука за меки вештини. Првата работилница од четвртата сесија, беше посветена на Public speaking и истата ја водеше Никола Трајковски стипендист на програмата Fulbright, кој доаѓа од Чикаго, САД и истата се одржа на 07.03.2019 година.

Втората работилница од оваа сесија, се одржа во четвртокот на 14.03.2019 г, а тема беше „Како да се подготви успешно CV“. Втората работилница беше водена од Karen Young, волонтер на мировниот корпус, експерт од оваа област.

Третата работилница, ќе биде посветена на подготовка при интервју за барање на работа и истата ќе биде водена од експерт од практиката, менаџер за човечки ресурси од компанијата TASKFORCE BPO од Битола и истата ќе биде одржана на 21.03.2019 година.

После завршувањето на оваа сесија, на ден 28.03.2019 година, ќе следи свечено доделување на сертификати за сите кандидати кои успешно ги посетуваа сите работилници.

 

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu