Коски и заби пронајдени во филипинска пештера може да ја променат историјата на човекот

In Истражување и развој
Loading...
Необичен човечки вид очигледно живеел на островот Лузон на Филипините пред околу 50.000 години. Врз основа на забите и коските пронајдени таму, научниците се сомневаат дека овие древни луѓе веројатно биле високи помалку од 1.2 метри и имале неколку сличности со човеколиките мајмуни. Сепак, истражувачите велат дека е јасно дека коските се човечки и дека му припаѓаат на претходно неоткриен вид.

Првиот доказ била коска од прст на нога која била пронајдена во 2007 година во пештера на островот Лузион од страна на археологот Арманд Салвадор Мијарес. Но, една коска не била доволна за да се каже на кого или на што му припаѓа.

Во 2011 Мијарес пронашол уште коски, не само од прсти од стапала туку и од раце, бутна коска и седум заби. Ниедна од овие коски не можела да се спореди со коските на денешниот човек, па затоа археолозите се согласиле дека тоа се коски од некоја нова врста.

Така тимот од Универзитетот во Филипини, во кој работи и Мијарес, помина 8 години во проучување на коските и забите. Тие сега заклучуваат дека скелетните фрагменти се од тројца поединци кои живееле пред 50.000 години. Научниците овој вид го нарекоа Homo luzonensis – по островот.

Шара Бејли од Универзитетот во Њујорк го нарекува ,,мозаичен вид”: ,,Мислам дека тоа отвара толку многу нови прашања. Тоа е навистина возбудливо!” – вели таа.

Прашањето е: Дали овие суштества биле поврзани со хобитите (не, не филмските ликови).

,,Хобит” е широко употребуван прекар за уште еден мал, примитивен човечки вид кој живеел на индонезиски остров од пред околу 100.000 години, па се до пред 50.000 години. Формално наречени Homo floresiensis, хобитите биле откриени пред 15 години. Тие, исто така, имале изненадувачка мешавина од примитивни и човечки коски и заби.

,,Еволуцијата на човекот станува се почудна и почудна”, вели Рик Потс, раководител на програмата за човечко потекло во Националниот музеј за природна историја на Смитсоновиот институт. ,,Видовите се составени од течности – тоа ги прави доста прилагодливи и подложни на промени”, вели тој.

Овие откритија, вели Потс, ќе направат хаос со било која класификација на нашите предци и со мислењето дека некогаш имало прилично уредна прогресија од примитивни до ,,модерни” особини на човекот.

Она што станува појасно, велат антрополозите, е дека древните луѓе имале многу повеќе форми и големини отколку што научниците некогаш мислеле.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu