Кои се наградените студенти на УКИМ?

In Високо образование

Универзитетот

Advertisement
„Св. Кирил и Методиј“ денеска им додели награди на најдобрите дипломирани во академската 2015/2016 на секој од 23-те факултети кои се во негов состав, кои постигнале највисока просечна оценка на додипломските студии.

Наградите, кои се состојат во паричен износ и златник со ликот на Кирил и Методиј, им ги врачи ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, кој истакна дека почитувајќи ја речиси седумдецениската традиција, со овој свечен чин им се оддава должно признание на најдобродипломираните студенти на УКИМ.

„Тие со својата одличност за нијанси се издвоија од нивните колеги и станаа први меѓу еднаквите по квалитет во својата генерација. Целта на оваа денешна церемонија е скромно да ве наградиме и јавно да ве пофалиме“, рече Јанкуловски.

Покрај наградите за 23 најдобри дипломирани на УКИМ, на настанот беа врачени и наградите „26 Јули“ на Фондацијата „Франк Манинг“ од Лондон за учебната 2016/2017 и наградите од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ од Машинскиот факултет.

„26 Јули“ добија Сара Спасова од Филозофскиот факултет, Теодора Јосифовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Мерџан Ѓунтер од Економскиот, Дамјан Ѓорѓиевски од Факултетот за ликовни уметности и Сања Аврамоска од Архитектонскиот факултет.

Наградата им се доделува на студенти од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на УКИМ, со просечен успех во текот на студирањето од најмалку 8.00. Износот на оваа награда е 12.500 денари.

Добитници на наградата од Фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ се четворица студенти од Машинскиот факултет: Фросина Кузмановска, Ангела Боцеска, Филип Ефремов и Тамер Мемедовски, и Влатко Бунтески од Факултетот за електротехника и информациски технологии-ФЕИТ.

Фондот за оваа награда е формиран од авторските хонорари на проф. Стамболиев, остварени во повеќедецениското издавање на десетина универзитетски учебници од областа на машинството. Им се доделува секоја година на студенти за одличен успех во текот на студирањето. Наградата е од каматата на орочените средства на фондот.

Извор: МИА (текст и фото)

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu