Кејти Буман: Жената одговорна за првата слика од црната дупка

In Живот и стил
Loading...

29-годишниот компјутерски научник заработи признанија низ целиот свет за помагање во развојот на алгоритам кој ја создаде првата слика од црна дупка.

Кејти Буман беше предводник на компјутерската програма која го овозможи овој важен чекор. Таа беше фотографирана додека на нејзиниот лаптоп се вчитуваше сликата од црната дупка.

Таа започна да го прави алгоритамот пред три години, додека беше апсолвент на Масачусетскиот институт за технологија (МИТ).

,,Кога ја видовме за првпат, никој од нас не можеше да верува. Тоа беше доста спектакуларно”, изјави таа за BBC Radio 5 во живо.

,,Имавме навистина среќа со времето … Имавме среќа на толку многу начини”.

Само неколку часа по објавувањето на фотографијата, д-р Буман стана меѓународна сензација, посебно по друштвените мрежи.

Но, д-р Буман, која е моментално асистент по компјутерски и математички науки на Калифорнискиот институт за технологија, инсистираше на тоа дека тимот што ѝ помогнал заслужува еднакво признание.

Во тешките напори вложени во тоа да се направи сликата, користејќи телескопи на локации кои се движеа од Антарктикот до Чиле, беше вклучен тим од повеќе од 200 научници.

,,Никој од нас не би можел да го направи тоа сам”, изјави таа за Си-Ен-Ен. “Ова се случи благодарение на многу луѓе од многу различни професии”.

Како нејзиниот алгоритам ја создаде сликата?

Едноставно кажано, д-р Буман и другите научници развија низа алгоритми кои ги претворија телескопските податоци во историска фотографија споделена од светските медиуми.

Во математиката и информатиката, алгоритам е процес или збир на правила кои се користат за решавање на проблеми.

Ниту еден телескоп не е доволно моќен за да може сам да долови црна дупка, па така мрежата од осум телескопи била поставена за да го направи тоа, користејќи техника наречена интерферометрија.

Податоците што ги добиле биле складирани на стотици хард дискови кои биле пренесени во центри за процесирање во Бостон, САД и Бон, Германија. Методот на д-р Буман за обработка на овие необработени податоци се смета дека е инструмент за создавање на оваа слика.

Таа беше предводник на процесот на тестирање при што повеќе алгоритми со ,,различни претпоставки вградени во нив” се обиделе да создадат слика од податоците.

Резултатите од алгоритмите потоа беа анализирани од четири одделни тимови за да се потврди веродостојноста на нивните наоди.

“Ние сме мешавина од астрономи, физичари, математичари и инженери, и тоа е она што беше потребно за да се постигне нешто што до скоро беше сметано за невозможно”, вели д-р Буман.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu