Како до полесен пристап до работа за лицата од ранливите категории?

In Живот и стил

Првичните резултати од проектот „Учи, работи, биди продуктивен“, наменет за лицата од ранливи категории, имплементиран од страна на Лоотус Ј со поддршка од амбасадата на Австралија, денес беше презентиран пред нерезидентниот амбасадор на Австралија за Македонија, Србија и Црна Гора со седиште во Белград, нејзината екселенција Рут Стјуарт, почесниот австралиски конзул во Македонија, Зоран Костовски, и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Од страна на Симона Јовеска во просториите на центарот Лоотус Ј, пред високата делегација беа презентирани целите на проектот, како и предизвиците со коишто се соочуваат лицата од ранливите категории во современото живеење. Градоначалничката Петровска посочи дека Општина Битола ги поддржува проектите на инклузија на лицата со посебни потреби, како и на останатите ранливи категории, како самохраните родители, жртвите на семејно насилство итн.

„Ова е уште еден доказ дека секој хендикеп, од каков било вид, не треба да претставува пречка на патот на успехот на секоја индивидуа која има јасна цел“, рече Петровска.

Австралиската амбасадорка Стјуарт истакна дека е среќна кога вложените средства имаат вистинска намена.

„Овде може да се увериме дека нашите заложби за подобра шанса на пазарот на трудот на лицата од ранливите категории се испочитувани, а истовремено ја даваме поддршката и на што поголема застапеност на жените на пазарот на трудот“, истакна Стјуарт.

Носителката на проектот, Симона Јовеска, им порача на претставниците на бизнис-заедницата да вработуваат лица од ранливите категории и да им подадат рака за подобар заеднички живот.

На настанот, на кој присуствуваа претставници од Советот на Општина Битола, родители и самите учесници на проектот, беше изведена музичка програма на учениците во  Центарот и деца со попречености „Анастасија“.

извор: Makfax

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu