И годинава околу 200 стипендии за студентите и Фонд за наука за професорите на УГД

In Високо образование
Во рамките на одбележување на 12 години УГД ректорот потенцираше дека се продолжува со финансирање на голем број на научни проекти и со стипендии за најдобрите 105 студенти на УГД.

– Вкупно доделуваме 105 стипендии. Тоа е од рамките на Универзитетот и има значителна бројка на стипендии кои се обезбедени од бизнис заедницата. Вкупно ќе дојдеме до бројката од 200 стипендии. Во овој момент станува збор за покривање на партиципацијата на студентите, но компаниите не се обврзани само партиципација, некои од компаниите го прават и со годишни стипендии за суми за кои тие самите ги одредуваат, изјави ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев.

Воедно и оваа година продолжува поддршката на професорите и истражувачите на УГД кои имаат на раасполагање фонд за наука кој е обезбеден исто така од страна на Универзитетот, но и од бизнис секторот.

Во текот на изминатите години се финансирани голем број на научни проекти изработени од страна на професори и истражувачи на УГД.

Промоцијата на фондот за наука и стипендиите беа во рамките на прославата на 12 години Универзитет „Гоце Делчев“. Централната манифестација е утре (27.03.2019) пред и во Центарот за култура Ацо Шопов во Штип. Настанот започнува во 10.00 часот.

Извор: life.ugd.edu.mk

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu