Истражување на српски ГАЈП: Дали докторските студии се со соодветен квалитет?

In Високо образование
Фото: Profimedia
Loading...

,,Некои факултети и универзитети едноставно немаат услови за организација на докторски студии, а тука, пред се`, мислам на човечки капацитети. На тој начин сме добиле докторски студии кои така се нарекуваат и кои произведуваат докторски дипломи, а во реалноста се најобични продолженија на основни и мастер студии”, изјави за српски “Неделник” професор Александар Бауцал.

Истражување кое е неодамна објавено од страна на Група за анализа и креирање јавни политики (ГАЈП) за условите и квалитетот на докторските студии дало резултати според кои докторските студии во Србија не се такви да ја исполнуваат својата функција – идните доктори на наука да ги оспособат за вистинска работа и да ги унапредат нивните вештини во поглед на истражувањето.

Бобан Стојановиќ, координатор

Бобан Стојановиќ од ГАЈП, изјавил за “Неделник” дека последицата од тоа е низок квалитет на докторски студии, а причинители има повеќе и, според него, се јавуваат во сите фази на студии – од упис, преку самото студирање, до одбрана на докторски дисертации, но и во понатамошната работа на докторите на наука.

Тој смета дека е неопходно државата да креира политики на основа на истражувања кои моментално се спроведуваат и реализираат од страна на истражувачи од областа на друштвени и хуманистички науки.

Веселин Кљајиќ, професор и продекан за настава на постдипломски студии на Факултетот за политички науки, изјавил дека најчести причини за запишување на докторски студии се лично, научно и стручно усовршување.

,,И тоа низ работни ангажмани на факултетите, институтите и научноистражувачките центри и установи. Посебно е важно тоа што на овој начин се обновуваат и научните ресурси, низ првите чекори на младите колеги и колешки кои тие навистина ги прават за време на овие студии”, изјавил професор Кљајиќ.

Според него, мастер студиите следат се` поизразен тренд на лично усовршување и работа на себе на Факултетот за политички науки, иако е тој се` поприсутен и на докторските студии.

,,Сепак, не треба да се заборави дека докторските студии траат најмалку три години, реално, најчесто измеѓу четири и пет години до самата одбрана на докторатот, и дека тоа е долг процес во кој успеваат само оние кои се најпосветени”, нагласи професорот Веселин Кљајиќ.

Александар Бауцал, професор

Професорот на Филозофскиот факултет, Александар Бауцал, кој, меѓу другото, со години се занимава со унапредување на ефикасноста и различните нивоа на образование, смета дека навистина на секое поле се потребни луѓе со докторски титули, не само како професори на универзитети туку и како стручњаци кои ќе можат да обезбедат развој на одредени сектори преку нови идеи, нови пракси и нови технологии.

Сепак, без оглед на се` поголемиот број запишани студенти на докторски студии, а посебно бројот на издадени дипломи со префиксот “др” – во 2016 година на српските универзитети одбранети се 187 докторски дисертации – професор Александар Бауцал не мисли дека најголем проблем е тоа што имаат зголемен број на студенти на докторски студии, туку дека проблемот е во тоа што ги нарекуваме “инфлација на дипломи”.

,,Прв чекор треба да биде одлука дека докторските студии не можат и не треба да постојат на секој факултет и универзитет. Некои факултети и универзитети едноставно немаат услови за организација на докторски студии, а тука, пред се`, мислам на човечки капацитети. Еден од најголемите проблеми на сегашната законодавна рамка е тоа што ги обврзува сите да имаат докторски студии. Поради тоа оние кои објективно немале услови да направат добри докторски студии започнале да ги лажираат. На тој начин сме добиле докторски студии кои така се нарекуваат и кои произведуваат докторски дипломи, а во реалноста се најобични продолженија на основни и мастер студии. Така и дојдовме до ситуација да имаме системски креирана инфлација на докторски дипломи”,рече за Неделник професор Александар Бауцал.

Бобан Стојановиќ, кој завршува докторски студии на Факултетот за политички науки, вели дека докторските студии се наоѓаат во деградирана положба.

,,Кај нас, докторските студии служат само за некој да ‘стане доктор на науки’ – без разлика на тоа дали му е тоа потребно за да напредува на факултет, во некој институт, дали поради углед или желба така да се ‘докаже’ во јавноста, за што во прилог зборува експанзијата на доктори на наука на пр. во политиката, каде поединци едноставно сакаат звање, без да се вложат во легалноста на стекнатото звање, иако никогаш не се занимавале, а и нема да се занимаваат со научно-истражувачка работа”, смета Стојановиќ.

Поради тоа, според мислењето на професорот Веселин Кљајиќ, кој пред своето име додава ‘проф. Др.’, смета дека ‘титулирањето’е излишно во било кој друг случај, освен во официјални, службени комуникации и кога налагаат протоколите.

“Затоа што ако не сте створиле име, титулата сигурно нема да ви помогне. Посебно не во ера на нејзина девалуација”.

Loading...

You may also read!

Иста држава, различни аршини! По кој критериум еден редовен професор добива 36.000, а друг 122.000 ден. плата?

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со

Read More...

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Mobile Sliding Menu