Истражувањата откриваат: Мажите кои не можат да направат 10 склекови имаат зголемен ризик од срцеви заболувања

In Истражување и развој
Loading...

Средовечните мажи кои не можат да направат 10 склекови имаат значително поголем ризик од срцев или мозочен удар, открива најновата студија.

Способноста да се направат повеќе од 40 склекови го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 97% во наредните десет години од нашиот живот, вели тимот на Универзитетот Хавард. Но, мажите кои се способни да направат помеѓу 21 и 30 склекови го намалуваат ризикот од артериска болест или срцева слабост на 25%, споредено со оние кои не можат да направат ниту 10.

,,Учесниците кои успеале да направат 11 или повеќе склекови имале значително намален ризик од последователни кардиоваскуларни болести”, напишаа авторите на студијата во списанието ,,JAMA Network Open”.

Студијата, објавена во петокот, користела податоци од тестовите за фитнес на повеќе од 1.000 пожарникари во американската држава Индијана, кои се запишале помеѓу 2000 и 2007 година и користеле медицинска евиденција за да ги тестираат дијагнозите на кардиоваскуларни болести во текот на следната деценија.

Мажите имале просечна возраст од 39,6 години, односно од 21 до 66 години. Иако групата имала просечен индекс на телесна маса (BMI) од 28,7 – што е во опсегот на прекумерна тежина – сите биле активни и во форма.

Ова е прва студија која покажува дека склековите можат да бидат ефикасен тест за ризик од кардиоваскуларни заболувања, но независните експерти предупредија дека наодите од ова истражување ќе мора да се докажат со тестирање и на други групи на луѓе – тука спаѓаат групите кои се помалку активни и жените исто така.

,,Оваа студија покажува дека пожарникарите кои се во форма имаат помал ризик од срцев или мозочен удар во следната деценија од нивниот живот”, рече професорот Џереми Пирсон, заменик директор на Британската фондација за срцеви заболувања (British Heart Foundation).

,,Стеснувањето на нашите артерии со масни супстанции, што на крајот може да доведе до срцев удар, започнува рано, често меѓу 20-тата и 30-тата година од нашиот живот. Вежбањето, без оглед на возраста, е важен и ефикасен начин да се намали ризикот”.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu