Испитната сесија во тек! Победи го стресот во 10 чекори!

In Високо образование, Образование
Loading...

 

Стресот е секако неизбежна категорија во студентскиот живот, но психолозите имаат совети како во текот на испитниот рок, сепак да останете со ладна глава.

Слушајте класична музика

Бројни научни студии покажаа дека слушањето на класичн амузика влијае на концентрацијата. Исто така, оваа мелодија ја забрзува работата на мозокот. Затоа, пред да почнете со учење изберете омилен композитор и направете своја музичка листа.

Шетајте

Многу од нас, за време на учење испити, цел ден седат во затворена соба со четири ѕидови. Било каква физичка активност, макар и кратко шетање, влијае на работата на мозокот. Кога ќе осетите нервоза, направете пауза и прошетајте.

Направете план

Доколку имате јасен план кога и што треба да правите, бидете попродуктивни и помотивирани.Размислете за тоа кој испит е најобемен и која тематика Ви е најтешка за совладување и од неа започнете.

Сонот е лек

Многу студенти, во текот на испитниот рок, денот го заменуваат со ноќта. Потрудете се во целиот хаос околу подготовката на испитот, доволно да се наспиете. Така, наученото градиво ќе може да “легне” и мозокот новото знаење ќе може долгорочно да го меморира.

Одете “off line”

Пред учењето, исклучете го Интернетот и заборавете на социјалните мрежи, мобилниот телефон и слично.Фокусирајте се исклучиво на лекцијата кој аќе ја учете.

Јадете црна чоколада

Верувале или не, ама ова е вистина, а не мит! Какаото во црната чоколада се бори против кортизолот –  хормонот на стрес, и го опушта телото. Во исто време, чоколадата испушта ендорфин – природен борец против стрес.

Зборувајте со другите

Понекогаш, потребно е да се “изнаборувате” со најблиските, со што би Ви било полесно. Разговорот со најдобрите пријатели или родителите може многу да Ве охрабри за претстојното учење.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu