Информативни средби за прекугранични ЕУ проекти!

In Конкурси

Заедничкиот секретаријат на Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија со задоволство ги поканува сите заинтересирани лица да учествуваат во Информативната кампања за Вториот повик

Advertisement
за поднесување на проектни предлози која ке се одржи на територијата на Република Македонија во периодот од 20 февруари до 22 февруари, по следниот распоред:

• Информативен ден со отворањето на информативната кампања во Струмица на 20 февруари 2018 година (вторник) во конференциската сала на хотелот Вила Парк. Почеток на регистрација на учесниците – 10:00 часот.

Агендата на настанот може да се најде ТУКА.

• Информативен ден во Штип на 21 февруари2018 година (среда), во конференциската сала на хотелот “Оаза”. Почеток на регистрација на учесниците – 10:00 часот.

Агендата на настанот може да се најде ТУКА.

• Информативен ден во Куманово на 22 февруари 2018 година (четврток), во салата на Занаетчискиот дом. Почеток на регистрација на учесниците – 10:00 часот.

Агендата на настанот може да се најде ТУКА.

 

На Информативните денови експерти од Националниот орган и Заедничкиот секретаријат на Програмата ќе ги презентираат следните теми:

• Барања за аплицирање согласно Повикот за проектни предлози;

• Структура на проектниот предлог и пополнување на формуларот за апликација;

• Апликација и електронско поднесување на проектни предлози.

 

Покрај тоа, сите учесници ќе имаат можност да поставуваат конкретни прашања за развојот на проектните идеи и предлози, барањата при пополнување на документи  за аплицирање и други.

 

ВАЖНО: Поради ограничениот број на места, задолжителна е претходна регистрација. Се препорачува претходно регистрирање за да се обезбеди вашето учество. Ве молиме пополнете го ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА кој мора да се испрати не подоцна од 20 февруари 2018 година

ФОРМУЛАРОТ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА може да се најде ТУКА

Вашата регистрација ќе биде потврдена на основа на прв дојден-прв услужен. Доколку се постигне максималниот капацитет пред овој датум, регистрацијата ќе се затвори пред крајниот рок.

 

You may also read!

Резултати од конкурс за стипендии за студенти на додипломски студии за академска 2019/20 година

Прва група Список на студенти кои им се доделува стипендии од Прва група Листа на одбиени апликанти Договор за стипендија   Втора група Стипендии врз

Read More...

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu