Зошто треба да купувате искуства, а не предмети

In Живот и стил

Паметно потрошени пари се оние со кои купувате доживувања и време, а не предмети.

Голем број истражувања покажуваат дека кај луѓето повеќе среќа им донесуваат искуствата отколку материјалните добра.

  • Среќата која ја донесуваат материјалните предмети не трае долго, а доживувањата носат среќа додека ги исчекуваме, додека ги доживуваме, како и во оние моменти кога се присеќаме на нив.
  • Искуствата не поврзуваат со други луѓе, а друштвените односи се клучни за среќа.
  • Доживувањата ќе ги збогатат нашите разговори со другите луѓе, со чија прилика одново го преживуваме искуството и се поврзуваме со другите (дури и ако тие не учествувале со нас во тие доживувања).
  • Искуствата го дефинираат нашиот живот и формираат слика која ја имаме за себе или за тоа каква личност сакаме да бидеме
  • Доживувањата се често поедноставни и поисклучителни во споредба со материјалните предмети.

Наместо да купите нова кошула или саат, па дури и нов автомобил, приуштете си ги овие доживувања:

– Посета на ресторан

– Карти за спортски настани и концерти

– Патување

– Часови за стекнување нови вештини (спорт, музика, странски јазици, готвење итн.)

– Карти за театар, кино или музеј

– Зачленете се во теретана или одете на јога

– Дегустација на вина

Ако сепак сакате да купите нешто материјално, одлучете се за предмет кој ќе ви овозможи одредено искуство. Производи кои ви се потребни за одредено искуство (книги, спортска опрема, музички инструменти) докажано допринесуваат за вашето ниво на среќа и благосостојба.

Уште една одлична употреба на парите е купување на време – веројатно нашиот највреден ресурс. Додека многу внимание се дава на економското и материјалното богатство, богатството на времето е подобар показател на лична среќа.

Парите ни овозможуваат да платиме некој за да ни ги заврши задачите кои најмногу ги мразиме, како што е на пример чистењето на домот. На тој начин парите можат да го променат начинот на кој го поминуваме нашето време, давајќи ни слобода да се предадеме на своите страсти.

Пораката е јасна – користете ги парите за да ги избегнете работите кои мразите да ги правите и ќе имате повеќе време да посветите на работите кои уживате да ги правите.

Ако навистина сакате да живеете добро, паметно потрошени пари се оние со кои купувате доживувања и време, а не предмети.

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu