Загрижувачки резултати од нередовен доручек кај децата

In Здравје

Истражувањето на Кралскиот колеџ и Лондонската школа за хигиена и тропска медицина покажа во колкав обем се предизвикуваат здравствени проблеми кај децата кои редовно го прескокнуваат доручекот и не ги добиваат препорачаните количини на клучните хранливи материи потребни за раст и развој.

 

Иако доручекот веќе долго е на листата како важна компонента на здравиот начин на живот, обемна студија во Велика Британија ги испта разликите во внесувањето на хранливи состојки меѓу редовни конзументи на доручек и оние кои редовно го прескокнуваат истиот. Овие испитувања се однесуваат на децата и адолесцентите. Вкупно, вклучени во истражувањето беа околу 1700 учесници и истото траеше 4 години. Доручекот се состоеше од околу 1000 калории и се конзумираше во периодот од 6 до 9 наутро.

Последици од прескокнување на доручекот кај децата се:

– кај 31,5% од нив не беше задоволен нити препорачаната доза на  железо, во споредба со само samo 4,4 % на деца кои конзумираа доручек;

– кај 19% од нив не беше задоволена дневната препорачана доза на внес на калциум, во споредба со 2,9% на деца кои конзумираат доручек редовно;

– кај 21,5% од нив не се задоволија нити препорачаните нивоа на внесување на јод, зa разлика од 3,3% на деца коиредовно конзумираа доручек.

 

https://www.lshtm.ac.uk/newsevents/news/2017/children-who-skip-breakfast-may-not-be-getting-recommended-nutrients

 

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu