Завршна конференција на проектот „Креирање на идното образование во туризмот“

In Проекти

 

Проектот започна во октомври 2016 година, а е финансиран со 190.215 американски долари од страна на Националната агенција за европски едукативни програми и мобилност. Учесници во проектот се Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (водечки партнер), Технолошкиот институт во Солун, Универзитетот „Проф. д-р Асен Златанов“ во Бургас (Бугарија) и Велеучилиштето во Шибеник (Хрватска), како партнери во проектот. Претставниците на четирите високообразовни институции во изминатите две и пол години работеа на изготвување на алатки кои на свој начин ќе придонесат за имплементацијата на можностите што ги нуди високото образование во развојот на туризмот.

 

Беа изготвени три алатки. Првата е електронска верзија на национално мени. Во оваа е-брошура 15 оброци по земја се понудени на публиката за да уживаат во вкусот на медитеранските земји. Секој избран оброк е претставен во форма на рецепт и слика, заедно со сите детали потребни за корисникот да разбере како да се приготви и кои состојки се вклучени. Секој оброк е претставен заедно со неговата енергетска вредност.

 

Втората алатка ќе им служи на потребите на професорите, учениците и широката публика. Тоа е онлајн калкулатор кој содржи податоци за главните производи кои ја сочинуваат националната кујна на земјите кои учествуваат во овој проект. На овој начин, корисниците ќе можат да одредат колку енергија ќе има како доза ако одлучат да направат сопствена комбинација на оброци.

 

Третата алатка ќе им служи на потребите на професорите и на студентите на одделенијата за менаџмент. Тоа е целосно функционален софтвер кој им е на располагање на наставничкиот кадар за да ги обучуваат своите ученици со што ќе ги подобрат своите вештини за тоа што треба да се направи за да се постигне успешно управување со гостопримско претпријатие. Софтверот практично дава нова димензија во управувањето со сместувачките капацитети.

На презентацијата на постигнатите резултати присуствуваа претставници на сите проект-партнери, а на свеченото отворање се обратија Васко Златковски, раководител на проектот и Ана Михајлов од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Резултатите од проектот ги презентираа професорите од Факултетот за туризам и бизнис логостика, проф. д-р Нако Ташков (Национално мени), доц. д-р Оливер Филиповски (Пресметувач на енергетска вредност на јадењата) и проф. д-р Дејан Методијески (Софтвер за управување со сместувачки капацитети).

 

Предвидено е проектот да има и свое продолжение. Имено, вработените од оваа институција, кои работат на развој на проекти по разни програми, веќе ја имаат подготвено апликацијата за финансирање на продолжението на овој проект, преку програмата „Ерасмус плус“, чиј повик за оската Стратешки партнерства е отворен до 21.3.2019 година.

 

Извор: http://life.ugd.edu.mk 

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu