Експертите потврдуваат: Дури и една чаша алкохол дневно може да го зголеми ризикот од мозочен удар

In Истражување и развој
Loading...

Дури и умереното пиење алкохол може да го покачи крвниот притисок, а со тоа и да ги зголеми шансите за мозочен удар, според големата генетска студија во Лансет. Ова е спротивно на претходните тврдења дека една или две чаши алкохол на ден би можеле позитивно да делуваат врз нашето здравје.

Британските и Кинеските истражувачи 10 години следеа 500.000 Кинези, но велат дека наодите важат за сите популации во светот  и дека оваа студија е најдобар доказ за директните ефекти на алкохолот.

Според експертите, луѓето треба да ја ограничат нивната потрошувачка на алкохол.

Веќе е познато дека обилното пиење е штетно за здравјето и го зголемува ризикот од мозочен удар, но некои студии укажуваат на тоа дека пиењето алкохол во мали количини може да биде добро за здравјето, додека други покажуваат дека не постои безбедно ниво на консумирање на алкохол.

 

Што открило истражувањето?

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд, Универзитетот во Пекинг и Кинеската академија за медицински науки откриле дека:

  • Пиењето еден до два алкохолни пијалаци секој ден го зголемува ризикот од мозочен удар за 10-15%
  • Пиењето четири алкохолни пијалоци секој ден го зголемува ризикот од мозочен удар за 35%

За целите на нивната студија, еден пијалок беше дефиниран како:

  • Мала чаша вино
  • Шише пиво
  • Мала чашка жесток пијалок

Околу 16 од 100 мажи и 20 од 100 жени во Велика Британија ќе имаат мозочен удар во одреден период од нивниот живот.

Значи, ако група од 100 луѓе кои не се алкохоличари почнат да пијат по чаша или две алкохол секој ден, тоа би довело до дополнителни два удари – мало зголемување.

Според проф. Дејвид Шпигелхалтер, од Универзитетот во Кембриџ, тоа е зголемување на вкупниот ризик за мозочен удар од 38% за секое испиено половина шише вино дневно.

Студијата, исто така, не најде докази дека умереното пиење алкохол има било каков позитивен ефект, односно, дека го намалува ризикот од мозочен удар.

,,Тврдењата дека виното и пивото имаат магични заштитни ефекти не се точни”, вели авторот на студијата, професорот Ричард Пето, професор по медицинска статистика и епидемиологија на Универзитетот во Оксфорд.

Истражувачите велат дека нивната клучна порака е дека сега постои јасен доказ дека пиењето алкохол во умерени количини не може да не заштити од мозочен удар и советува да се прави неколкудневна пауза од алкохол со цел да избегнме било каков ризик по нашето здравје.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu