Единаесет високообразовни институции потпишаа спогодба за меѓусебна соработка

In Високо образование
Претставниците на 11 приватни високообразовни институции во земјава формираа тело за меѓусебна соработка и потпишаа заедничка спогодба.

Во просториите на Меѓународниот универзитет „Визион“ во Гостивар, денеска се одржа конститутивната седница на Конференција на приватни високообразовни установи на Република Северна Македонија.

– Ова тело ќе работи на развивање на меѓусебна соработка во областа на високообразовната и научно-истражувачката работа, а во согласност со заедничките цели и интереси на спогодбените страни. Претставниците ја потпишаа и спогодба за заедничка соработка согласно член 91 од Законот за високото образование, беше наведено по седницата.

Спогодбата ја потпишаа осум универзитети и три високи стручни школи, односно вкупно 11 приватни високообразовни установи.

За претседател беше избран проф. д-р Томе Неновски од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а за заменик-претседател проф. д-р Ленче Петреска ректорка на Меѓународниот славјански универзитет. Учесниците на конститутивната седница го усвоија и Деловникот за работа.

Оваа иницијатива на високообразовните институции, се посочува, има најширок карактер досега и се очекува да придонесе за развојот на јавните политики во сферата на високото образование во земјата и пошироко.

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu