Еден од десет случаи на детска астма е поврзан со загадувањето од сообраќајот

In Истражување и развој

Четири милиони случаи на детска астма можат да бидат предизвикани од загадувањето на воздухот предизвикано од сообраќајот – околу 13% од оние кои се дијагностицираат секоја година, покажа глобалната студија.

Моменталните мерки за заштита од загадување можеби треба да се променат, бидејќи повеќето деца кои заболуваат од астма живеат во области каде загадувањето е во рамките на нормалните нивоа, велат авторите.

Студијата покажа дека Јужна Кореја го има највисокиот степен на астма предизвикана од загадувањето, заедно со некои кинески градови.

Експертите велат дека е потребна итна акција за заштита на децата.

Студијата, објавена во списанието Lancet Planetary Health од истражувачите од Универзитетот Џорџ Вашингтон, ги испитувала нивоата на азот диоксид (NO2) како показател на загадувањето од сообраќајот.

NO2 е само еден елемент на загадување на воздухот, кој исто така е составен од честички, озон и јаглерод моноксид. Заедно се многу штетни по здравјето, особен за дишните патишта и белите дробови, зголемувајќи го ризикот од астма и други белодробни заболувања.

Земјите со највисоки стапки на случаи на деца заболени од астма што се поврзува со загадувањето од сообраќајот се:

  • Кувајт – 550 на 100.000
  • Обединети Арапски Емирати – 460 на 100.000
  • Канада – 450 на 100.000

Најголем број на случаи на астма како резултат на загадувањето од сообраќајот се предвидува да се случат во:

  • Кина – 760.000 случаи
  • Индија – 350.000
  • САД – 240.000
  • Индонезија – 160.000
  • Бразил – 140.000

Земјите со највисок процент на случаи на деца заболени од астма како резултат на загадувањето:

  • Јужна Кореја – 31%
  • Кувајт – 30%
  • Катар – 30%
  • Обединети Арапски Емирати – 30%
  • Бахреин – 26%

Вистинските нивоа на астма поврзани со загадувањето може да бидат повисоки во многу земји со низок и среден приход, се вели во студијата, бидејќи случаите на астма често се недијагностицирани во овие региони.

Светската здравствена организација вели дека од 1950 година па наваму стапките на астма кај децата драстично се зголемуваат. Се проценува дека 4,2 милиони прерани смртни случаи во светот се поврзани со загадувањето на воздухот, тука спаѓаат смртни случаи предизвикани од срцеви заболувања, мозочни удари и респираторни инфекции.

Во упатствата на СЗО се вели дека просечната годишна концентрација на NO2 треба да биде 40g / m3.

Д-р Саманта Вокер, директор на ,,Asthma UK” изјави:,,Владата мора да се посвети на цели кои би го довеле токсичниот воздух до правните нивоа препорачани од Светската здравствена организација, за идните генерации да можат да дишат чист воздух”, рече таа.

You may also read!

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Луѓето кои се будат рано наутро се навистина посреќни, потврдува науката

Жаклин Лејн, докторка во Општата болница во Масачусетс, неодамна спроведе истражување поврзано со спиењето и резултатите ги објави во

Read More...

Mobile Sliding Menu