Доктор забрани Fortnite и други видео игри на 11-годишно момче

In Живот и стил

Лекар од општа пракса, на едно 11-годишно дете му ,,препиша” забрана од две недели за играње компјутерски игри како што се ,,Minecraft” и ,,Fortnite“.

Д-р Амир Кан, од Лидс, изјавил дека бил загрижен за влијанието на игрите врз животот на момчето, па затоа му го дал тој совет.

Лекарот од општа пракса, кој го води шоуто ,,Лекари зад затворени врати” (“GPs Behind Closed Doors), го сподели ,,препишаниот рецепт” на Твитер. Твитот на д-р Кан се појави откако беше откриено дека пазарот за игри во Велика Британија сега вреди рекордни 5,7 милијарди фунти, додека се проценува дека во земјата има 32,4 милиони гејмери.

Кам Адир, основач на Game Quitters – онлајн заедница за луѓе кои се борат против зависноста од играње игри, изјавил дека твитот ја истакнува сериозноста на зависноста од игри. Адир го основаше Game Quitters откако самиот се избори од зависноста од играње игри – тој претходно поминувал и по 16 часа на ден играјќи видео игри.

Тој изјави дека зависноста од видео игри ,,може да биде катастрофална” и дека иако твитот на д-р Кан може да биде сфатен како несериозен, сепак советот да се одмори од игање видео игри е непроценлив.

,,Играњето видео игри започнува уште од рано детство, и тоа ги исполнува луѓето на многу различни начини, така што тие навистина не знаат што друго да прават со своето слободно време. Со правење на пауза, дали е тоа од три дена, две недели или 90 дена, луѓето добиваат можност да создадат контраст во нивниот живот помеѓу животот со игри и живот без нив. Тоа им помага на луѓето да направат некој баланс во животот и да сфатат дека тоа не е единствениот начин за забава кој го знаат”, рече Адир.

Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје (RCPCH) препорачува семејствата да преговараат за временските ограничувања на екранот кои ќе бидат базирани врз потребата, употребата и нивното влијание врз физичката активност и укажуваат на тоа дека екраните треба да се избегнуваат еден час пред планираното спиење.

Сепак, тие велат дека ,,доказите за директниот ‘токсичен’ ефект од времето поминато пред екран се оспоруваат, а доказите за штетата често се преценуваат’’.

Д-р Макс Дејви, службеник за подобрување на здравјето на RCPCH, изјави: ,,Компјутерските игри се енергичен и важен аспект од културата на младите луѓе. Сепак, со оглед на тоа што тие се седечка активност, мора да бидат избалансирани заедно со некои поактивни работи, и да се користат внимателно, водејќи грижа за секоја ужина”.

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu