Децата ја наследуваат својата интелигенција од нивната мајка, а не од таткото, велат научниците

In Истражување и развој
Loading...

Според истражувачите, генетиката на мајката одредува колку се паметни нејзините деца, а таткото не прави никаква разлика.

Жените имаат поголема веројатност да ги пренесат гените за интелигенција на нивните деца, бидејќи тие се носени од Х хромозомот и жените имаат два од нив, додека мажите имаат само еден. Покрај тоа, научниците сега веруваат дека гените за напредни когнитивни функции кои се наследени од таткото можат автоматски да се деактивираат.

Се смета дека категорија на гени познати како ,,условени гени’’ функционираат само во некои случаи – ако доаѓаат од мајката, а во други случаи ако доаѓаат од таткото. Се верува дека интелигенцијата е меѓу условените гени кои доаѓаат од мајката.

Лабораториските студии со употреба на генетски модифицирани глувци откриле дека оние со дополнителна доза на гени од мајката развиле поголеми глави и мозоци, но имале мали тела. Оние со дополнителна доза на гени од таткото имале мали мозоци и големи тела.

Истражувачите идентификувале клетки кои содржеле само гени на мајките или татковците во шест различни делови од мозокот на глушецот кои контролирале различни когнитивни функции, од навиките за јадење до меморијата.

Клетките со гени од татковците се акумулирани во делови од лимбичниот систем, кој е вклучен во функции како што се пол, храна и агресија. Но, истражувачите не нашле никакви гени од таткото во церебралниот кортекс, каде што се случуваат најнапредните когнитивни функции, како што се расудување, мислење, говор и планирање.

Загрижени дека луѓето можеби нема да бидат како глувците, истражувачите во Глазгов одлучиле да вклучат луѓе во истражувањето за интелигенцијата. Тие откриле дека теориите екстраполирани од проучувањето на глувците важат и за луѓето, откако интервјуирале 12.686 млади луѓе на возраст од 14 до 22 години секоја година од 1994 година. И покрај тоа што земале предвид неколку фактори, како што се нивото на образование на учесниците, нивната раса и социо-економски статус, тимот сепак заклучи дека најдобриот индикатор за интелигенцијата на учесниците е интелигенцијата на нивните мајки.

Сепак, истражувањата, исто така, јасно укажуваат дека генетиката не е единствениот фактор кој го утврдува нивото на интелигенцијата – само 40 до 60 проценти од интелигенцијата е наследна, а останатиот дел зависи од околината.

Но, исто така се смета дека мајките играат исклучително значајна улога и во овој негенетичен дел од интелигенцијата. Истражувачите на универзитетот во Вашингтон откриле дека сигурната емоционална врска меѓу мајката и детето е од клучно значење за растот на некои делови од мозокот.

Се смета дека силната врска со мајката му дава на детето чувство на сигурност и самодоверба, што му овозможува да го истражува светот и да ги решава своите проблеми.

Се разбира, нема причина зошто татковците да не можат да играат голема улога како мајките. Истражувачите истакнуваат дека цела низа други гени кои можат да бидат наследени од татковците одредуваат голем број карактеристики како што се интуицијата и емоциите – кои исто така можат да отклучат многу врати кои водат до повисока интелигенција. Затоа татковци – не очајувајте.

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu