Дали додатоците во исхраната предизвикуваат рак? Еве што вели една нова студија

In Истражување и развој
Pill on plate. Food concept. 3D illustration.
Loading...

Истражувачите на Универзитетот ,,Тафтс” откриле дека хранливите материи од храната ни помагаат да живееме подолго – но, тоа не важи и за додатоците на исхрана.

Истражувачите анализирале податоци од повеќе од 27.000 возрасни лица во САД со цел да се оцени врската помеѓу додатоците на исхрана и смртноста. Тие откриле дека ,,намалениот ризик од смрт како резултат на адекватна количина на витамин К и магнезиум важи за хранливите материи од храна, но не и за додатоците на исхрана”, се вели во соопштението од истражувањето.

Покрај тоа, истражувачите откриле дека внесувањето на доволно витамин К, витамин А и цинк преку урамнотежена исхрана го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Сепак, внесувањето доволни количини од овие три витамини преку таблети, го нема истиот ефект. Згора на тоа, истражувачите откриле дека внесувањето на премногу калциум преку додатоци на исхрана – дефиниран како најмалку 1.000 милиграми на ден – го зголемува ризикот од рак. Но, таа врска не постои ако внесувате поголема количина на калциум преку исхраната, открива студијата.

Друг интересен податок од новото истражување

Ако земате витамин Д без да ви недостасува овој витамин во организмот, исто така би можеле да го зголемите ризикот од добивање на рак. Сепак, потребни се повеќе студии за да се докаже овој наод, предупредуваат истражувачите.

,,Да разјасниме, постојат неколку случаи кога се препорачува земање на додатоци на исхрана. На пример, можеби е добро да земете цинк и витамин Б ако имате воспаление на дебелото црево. Ако имате остеопороза, можно е да имате корист од земање на витамин Д и калциум. Но, повеќето од нас веројатно можат да ги добијат тие витамини и хранливи материи кои ни се потребни преку консумирање на различни видови храна”, изјави нутриционистот Хедер Каплан за Health.

Ако решите да користите додатоци на исхрана, имајте на ум неколку работи: За почеток, избегнувајте да купувате додатоци на исхрана направени во Кина, каде што недоволно строгите прописи може да доведат до контаминирани производи.  Исто така, треба да ги избегнувате попустите кога купувате додатоци на исхрана – препорачаните дози на поевтините производи најверојатно нема да одговараат на утврдените стандарди.

Воздржете се од земање додатоци кои вклучуваат кава, состојка поврзана со оштетување на црниот дроб; хром, кој е поврзан со анемија; горчлив портокал, кој е поврзан со срцеви удари; и контаминиран Л-триптофан, кој е поврзан со невротоксични реакции.

Ако треба да земете додаток на исхрана за лекување на здравствена состојба, бидете претпазливи при изборот. Ако сте доволно здрави, избегнувајте додатоци и обидете се да внесете доволно витамини преку урамнотежена исхрана, советуваат експертите.

Loading...

You may also read!

Од тука може да ја симнете апликацијата МојДДВ

Денеска стартува проектот „Мој ДДВ“, со кој се предвидува поврат на ДДВ од 15 проценти. Преку оваа мерка, според најавите

Read More...

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Mobile Sliding Menu