Кое е Вашето мислење за наставните програми во основното образование!

In Основно образование
Loading...

Соопштение од МОН (14.02.2018 год.):

Министерството за образование и наука, водејќи се од начелото на транспарентност во целиот процес на реформите кои се предвидени во основното образование, креираше нова интернет страница www.roo.mk, која е наменета за сите заинтересирани страни во воспитно-образовниот процес, односно за наставниците, родителите, учениците, граѓанските организации и институциите.

Интернет страницата има информативен карактер, односно на неа навремено ќе бидат објавувани сите тековни активности кои ги преземаат Министерството за образование и наука и работната група вклучена во измени на наставните планови и програми во основното образование. Преку неа ќе можат да се следи развојот на новите наставни програми и планови, засебно за секое одделение, а истата нуди и можност за дебата со сите заинтересирани страни.

На www.roo.mk се објавени новите наставни планови и наставни програми за основно образование, и претставува добра можност да се слушне мислењето, ставовите, идеите и предлозите на сите заинтересирани.

Предвидени се и видео презентации и видео дискусии за одредени теми кои однапред ќе бидат најавени, односно дебатата ќе се одвива и преку периодични вебинари кои претставуваат интерактивен начин на водење на дискусија кадешто преку емитување на видео презентации или работилници учесниците можат да поставуваат прашања и да добиваат одговори во реално време.

Министерството за образование и наука ги охрабрува наставниците, како и родителитe, граѓанските организации и експертската јавност, активно да земат учество во креирањето на новите наставни планови и програми во основното образование и со тоа да придонесат за подобро образование на учениците.

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Leave a reply:

Your email address will not be published.

Mobile Sliding Menu