Во Пустец семинар по македонски јазик за сите просветни работници

In Научни собири
Loading...
Во рамки на напорите на општината за поквалитетна настава и познавање на македонскиот литературен јазин, во Пустец, Мала Преспа, се одржува неколкудневен семинар со просветниот кадар од општината.

За таа цел во Пустец престојуваат професори од Институтот за македонски јазик, предводени од директорката Елена Јованова-Грујевска.

На првиот ден заедно со нив беше амбасадорот на Република Македонија во Тирана, Дончо Марковски и градоначалникот на пустец Едмонд Темелко.

– Амбасадорот Марковски меѓу другото го нагласи значењето на македонскиот јазик и посака Пустец да биде бастион на изучувањето на македонскиот јазик, од каде треба да се прошири и во другите места низ Албанија  каде што живеат Македонци, информираат од општина Пустец.

Градоначалникот Темелко, пак, посакал вакви и слични активности кои значат многу за зачувувањето на македонскиот национален идентитет, култура и историја ќе продолжат и во иднина.

Просветните работници ќе добијат сертификат за усовршување на македонскиот јазик.

Во општина Пустец фунционираат две деветолетки со подрачни училишта, како и гимназија.

Извор: Нова Македонија

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu