Велика Британија е подготвена да воведе ограничувачи на брзина во возилата

In Живот и стил
Loading...

Технологијата за ограничување на брзината е спремна да стане задолжителна од 2022 година за сите возила што ќе се продаваат во Европа, откако новите правила беа условно прифатени од страна на ЕУ.

 Одделот за транспорт изјави дека системот, исто така, ќе се применува и во Велика Британија, и покрај Брегзит. Активистите го поздравија овој потег, велејќи дека тоа ќе спаси илјадници животи. ЕУ вели дека планот може да помогне да се избегнат 140.000 сериозни повреди до 2038 година и за крајна цел има да ги сведе смртните случаи на патиштата на нула до 2050 година.

 Што е тоа ,,систем за ограничување на брзината и како функционира?

 Според системот на ISA, автомобилите добиваат информации преку GPS и дигитална мапа, кажувaјќи му на возилото колку е моменталното ограничување на брзината.

Овој систем може да се користи заедно со видео камера која има способност да препознае сообраќајни знаци.
Системот може да се прекине привремено. Доколку автомобилот престекнува камион на автопатот и влегува во област со пониско ограничување на брзината, возачот може да притисне цврсто на педалата за гас за да го комплетира маневрирањето.
Предвиден е прекинувач за вклучување/исклучување на системот, но тоа ќе се рестартира секој пат кога возилото повторно ќе се вклучи.

Значи, сепак оние кои сакаат да возат брзо повторно ќе можат да го прават тоа? Не сосема. Според новите правила, автомобилите исто така ќе бидат опремени со задолжителни ,,црни кутии” кои постојано ќе бидат вклучени и ќе собираат податоци.

На пример, ако имате несреќа, полицијата и вашата осигурителна компанија ќе знаат дали сте возеле премногу брзо. Ако сте ги игнорирале предупредувањата на автомобилот, тие различно би гледале на вашите постапки.
Всушност, овој ,,шпион’’ може да има поголемо влијание врз однесувањето на возачот од било кој вид ограничувач на брзината.

За колку време ќе биде достапно?

Веќе почнува да се употребува. Форд, Мерцедес-Бенц, Пежо-Ситроен, Рено и Волво веќе имаат достапни модели со некои од опремите на ISA.

Сепак, постои загриженост околу тоа дали сегашната технологија е доволно напредна за системот да работи ефикасно. Mногу автомобили веќе имаат камера напред, но, се поставува прашањето: ,,Дали технологијата за препознавање знаци е доволно добра?’’

Другите одобрени безбедносни карактеристики за европските автомобили, комбиња, камиони и автобуси вклучуваат технологија која обезбедува предупредување доколку возачот почнува да заспива или на некој друг начин му е одземено вниманието, како на пример кога се користи паметен телефон додека се вози.

Некои критичари сметаат дека овој систем може да ги направи возачите уште поневнимателни, а некои пак велат дека со сигурност значајно ќе го намали бројот на несреќите.

Што мислите вие за оваа нова технологија?

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu