Британија: Нови правила за игрите на друштвените мрежи!

In Живот и стил
Loading...

Британската Влада постави

Advertisement
план за воведување нови правила кои мора да ги почитуваат друштвените мрежи и сајтови кои работат на територија на Велика Британија, или чија целна група им се Британци.

 Целта на новите правила е да се подобри безбедноста, пред се`, на децата на интернет, како и да се спречи ширењето на говор на омраза. Постојат шпекулации дека Владата ќе основа и регулативно тело за интернет, слично на она за телевизија.

,, Му се ближи крај на времето во кое ние само ги молиме компаниите и сопствениците на друштвените мрежи да работат подобро и им оставаме простор за саморегулација”, рече за Би-Би-Си министерот за култура Џереми Рајт.

Што пишува во извештајот?
Извештајот е уреден во соработка со фондацијата Интернет Воч (Internet Watch Foundation) која се занимава со заштита на децата на интернет.

Ова се предлозите на Владата:

  • Да се искорени говорот на омраза во одреден временски рок или во спротивно медијските компании ќе плаќаат казни. Сличен закон постои и во Германија.
  • Друштвените мрежи мораат да ја проверуваат старосната доба на корисниците
  • Казни за друштвените мрежи кои не ги отстрануваат недостојните содржини и фотографии од злоставување на деца
  • Ограничување на рекламите за храна и безалкохолни пијалоци богати со масти, шеќери и соја

Што за ова има да каже фондацијата?

 Интернет Воч работи на запирање на криминалот на интернет. Оваа организација ги повика властите да пристапат внимателно на подготовките за новите закони.
Претходно Фондацијата ги критикувала предлозите на Европската комисија за приватноста на интернет, наведувајќи дека оние кои го користат интернетот за нелегални цели, на тој начин можат лесно да ги сокријат нивните активности.

Рајт изјавил дека е свесен за тоа дека овие измени најтежко ќе им паднат на технолошките компании. ,,Ако го направиме тоа како што треба и изработиме систем кој ќе функционира, можеби и другите земји внимателно ќе изанализираат овој модел и ќе се обидат да направат нешто слично. Добро би било ако големите компании, како што е Фејсбук, се вклучат во овој проект”.

Loading...

You may also read!

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Иста држава, различни аршини! По кој критериум еден редовен професор добива 36.000, а друг 122.000 ден. плата?

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со

Read More...

Mobile Sliding Menu