Анкета: Интернет пазарувањето во алкохолизирана состојба “вреди” милиони за економијата на САД

In Забава
Loading...

Постојат многу истражувања за

Advertisement
купувањето онлајн, но еден од пропуштените трендови е износот на пари што луѓето го трошат додека се пијани. Со оглед на тоа што сега можеме да купиме што и да посакаме со притискање на едно копче, додека удобно седиме во нашите фотељи, на повеќето од нас ни се случува тоа да го правиме во една или друга фаза. По неколку чаши вино или неколку пива, ќе се вратиме дома, ќе го извадиме лаптопот и ќе купиме нешто на што едвај ќе се сеќаваме следното утро.

Веб-страницата “The Hustle” неодамна спроведе анкета на повеќе од 2.000 американски возрасни лица кои консумираат алкохол, со цел да ги идентификуваат клучните трендови. Тие откриле дека 79% од американците кои консумираат алкохол направиле најмалку една набавка додека биле пијани, додека пак просечната годишна потрошувачка по пијан купувач изнесува 444 долари. “The Hustle” проценува дека купувањето онлајн во пијана состојба ја збогатува американската економија за 45 милијарди долари годишно.

Амазон е платформа што ја користат 85% од сите пијани купувачи, а по неа следат eBay (21%) и Етси (12%). Облеката и чевлите се најчестата набавка, а игрите се следата најпопуларна шопинг категорија. Истражувањето, исто така, покажало дека поверојатно е жените (80%) да купуваат онлајн додека се пијани отколку мажите (78%), што и генерално има смисла бидејќи жените општо купуваат повеќе, особено на интернет. Следната мапа покажува каде луѓето најмногу трошат во просек годишно, а југот од земјата веднаш се издвојува. Истражувањето покажа дека Кентаки е држава со највисок просечен годишен трошок од 742 долари.

Loading...

You may also read!

Кои професори добија финансиски средства за објавени трудови во списанија со импакт фактор?

Во продолжение Ви го презентираме списокот на домашни професори/научници кои од страна на Министерството за образование и наука добија

Read More...

Реакција на НАкС за повикот од ректорите да се формира синдикат за вработените во високото образование

Независниот академски синдикат (НАкС) денеска реагираше на барањето од ректорите на УКИМ и УКЛО да се формира синдикат на

Read More...

Иста држава, различни аршини! По кој критериум еден редовен професор добива 36.000, а друг 122.000 ден. плата?

Има огромни разлики меѓу платите на вработените на јавните универзитети, кои, пак, се финансирани нетранспарентно, немаат усогласени правилници со

Read More...

Mobile Sliding Menu