Анализа на Обединетите нации – Како и зошто светот останува без храна?

In Живот и стил
Loading...

 

Ако некои од клучните животински и растителни врсти изумираат, исхраната за човештвото ќе биде – како што кажуваат Обединетите Нации – ,,сериозно загрозена”.

 

Во некои земји последиците веќе се чувствуваат, а како најглавни причинители се наведуваат загадувањето, експлоатацијата на земјиштето и климатските промени.

Правилата за заштита на загрозените врсти забрзано се усвојуваат, но промените се пребавни.

Организацијата за храна, земјоделство и стопанство на Обединетите Нации (ФАО), извештајот го припремила врз основа на податоците собрани од 91 држава.

Неконтролирано сечење на шуми
Неконтролирано сечење на шуми

Биодиверзитет, храна, земјоделство и стопанство

Биолошка разноврсност или биодиверзитет неопходен за исхрана подразбира разновидност на билки, животни и други организми, диви и питоми, кои ни обезбедуваат храна, гориво и влакна.

Тука се вклучуваат и организми кои вршат функции неопходни за опстанок на други врсти, како што се пчели, морски трави или габи кои ја чуваат плодноста на земјата и го чистат воздухот и водата.

Зошто е овој извештај важен?

Во извештајот се истакнати две клучни пораки. Една е дека многу врсти од кои зависи производството на храна се загрозени или на се на пат да станат загрозени. Голем број на одредени врсти, диви билки, риби и цицачи исчезнуваат со вртоглава брзина.

Хозе Грациано Де Силва – директор на ФАО

,,Биолошката разновидност е клучна. Мораме да бидеме поодговорни како би изнашле решенија за справување со климатските промени и произведување на храна на начин што не би штетел на нашата околина”, рече генералниот директор на Организацијата за храна, земјоделство и стопанство на Обединетите Нации, Хосе Грацијано да Силва. Друг клучен заклучок е луѓето да се потпрат на се` помалку намирници, со што би се прехраниле се` поголем број на луѓе. Според некои прогнози, бројот на популацијата ќе порасне на околу десет милијарди луѓе до 2050 година.

Во извештајот се наведува дека на 66 отсто посеви се одгледуваат само девет врсти на билки, од 6,000 колку што вкупно се одгледува за исхрана.

Одгледувањето на стока се сведува на 40 врсти, но поголемиот дел од месото, млекото и јајцата доаѓа, се` на се`, од неколку врсти.

Што значи ова?

Намалените биолошки разновидности на производство на храна станува многу поранлива во случај на било какви потреси, епидемии, болести или наезда на штетници.

Пчелите се едни од најзагрозените видови од исчезнување

Во извештајот како пример се наведува случајот со Големиот глад во Ирска во 1840 година. Ирските фармери речиси во потполност се потпреле на производство на компир. Зараза причинета од габи ги уништувала посевите од компир неколку години по ред, а околу милион луѓе умреле од глад и болести.

Смалените биолошки разновидности веќе се чувствуваат во некои краеви на светот.

  • Во Гамбија недостатокот на диви врсти ги примора луѓето да се свртат кон индустриски преработки за да можат да се прехранат
  • Неколку земји вклучувајќи ја Ирска, Норвешка, Полска и Шведска, известиле дека се смалува бројот на бумбари
  • Во Оман поради климатските промени се намалил бројот на инсекти кои ги опрашуваат растенијата и како резултат на тоа има се помалку смокви и бобинки

Што е причината?

Една од причините – загадување на воздухот

Обединетите нации во извештајот наведуваат дека има неколку главни причини за смалувањето на биолошките разновидности. Некои од главните се:

  1. Промени во користењето на земјиштето и водата
  2. Загадувањето
  3. Прекумерната експлоатација на ресурсите
  4. Климатските промени
  5. Порастот на бројот на жители и урбанизацијата

Дали постои решение?

Да – во извештајот се наведуваат низа на препораки кои се применуваат во некои земји.

  • Во Аргентина постојат 560.000 домашни бавчи и околу 12.000 школски и бавчи на заеднички површини на кои се произведува храна за 2.8 милиони луѓе
  • Во Калифорнија фармерите не ги палат полињата со ориз после берба, туку ги поплавуваат, што донело до тоа да се створи погодна средина за 230 врсти прици
  • Фармери во Гана садат тропска билка касава на краевите од нивите, затоа што таа со својот нектар привлекува пчели и други видови на оплодувачи кои ги подобруваат приносите
Џули Белангер – раководител на истражувањето

Организацијата за храна, земјоделство и стопанство на Обединетите Нации сепак наведува дека промените не се воведуваат доволно брзо.

,,Навистина е добро да се види дека земјите усвојуваат и применуваат во пракса промени кои допринесуваат за одржливо производство на храна. Меѓутоа, понекогаш точката од која се почнува е навистина премногу ниска”, изјави Џули Белангер, која е раководител на истражувањето.

Што можеме да направиме?

Потрошувачите имаат огромна моќ да донесат промена, наведува Организацијата за храна, земјоделство и стопанство на Обединетите Нации. Од оваа агенција кажуваат дека секој може да купува храна која е одгледана на одржлив начин, како што може да бојкотира производи за кои верува дека се произведени на неодржлив начин.

Повеќе може да прочитате во извештајот на ФАО.

Loading...

You may also read!

Три калуѓерки заработиле скоро милион евра од марихуана (Галерија)

Целиот проект го започнале пред седум години со само 12 билки, пренесува Klix.ba. Тие тврдат дека со своите производи успеале

Read More...

Вакцините и аутизмот немаат апсолутно никаква поврзаност, тврди уште една голема студија

Новата голема студија спроведена во Данска, не открила поврзаност меѓу вакцинирање против мали сипаници, заушки и рубеола и развој

Read More...

Милијарда долари собрани за обнова на Нотр Дам, а не сме во можност да ја обновиме планетата

Историските обележја како катедралата Нотр Дам се значајни симболи на културата, па нормално, луѓето ќе се приврзат емотивно со

Read More...

Mobile Sliding Menu